Појадок за мамурни

После будењето, без оглед како се чувствуваме задолжително треба да испиеме голема чаша млака вода, затоа што ладната вода би можела да биде незгодна за желудникот. Добар избор за мамурните утра е англискиот појадок

0
616

Време на празници е време кога многу од нас претеруваат…Некои со храната, некои со пиењето. Овие вторите наутро мораат да се соочат со мамурлакот.

Најчести симптоми на мамурлак се мачнината, главоболката, дехидрацијата, заморот и чувствителноста на светлост и на звук.

На телото му се потребни неколку часови за да го разгради алкохолот. Ако е можно, процесот на разградување е најдобро да се преспие.

Дехидрацијата е главна причина за мамурлакот па мораме да внесеме многу течности.

После будењето, без оглед како се чувствуваме задолжително треба да испиеме голема чаша млака вода, затоа што ладната вода би можела да биде незгодна за желудникот. Изгубената течност и електролитите можат да се надокнадат и со енергетски напитоци или кокосово млеко. Кафето и другите кофеински напитоци не се најдобар избор за мамурните утра затоа што тие одземаат дополнителна течност од организмот. Ако сепак ви треба кофеин. Тогаш ограничете ја количината на кафе или чај на една шолја.

Појадок:

Треба да појадуваме добро. Разумно здрав, но добар појадок може да направи чуда. Храната го смирува желудникот и му дава енергија на телото. Лесно препечен тост со путер и мармалад или уште подобро, кајгана, ќе направи повторно да се чувствуваме добро. Тостот ќе го впие остатокот од алкохол од желудникот, а јајцата содржат белковини и витамини Б кои ќе ги наполнат природните ресурси на вашето тело.

Еве уште неколку идеи и намирници што ќе ви помогнат.

Свежо цеден овошен сок 

Нивото на шеќер во крвта опаднало нагло по консумацијата на алкохол и дополнително го влошило мамурлакот. Токму затоа консумацијата на овошни сокови е еден од најдобрите начини за борба против мамурлак. Овошни сокови од портокал, брусница или јаболко ќе го кренат нивото на шеќер во крвта и ќе ги надополнат изгубените електролити.

Супа

Супата со многу зеленчук е исто така вистинската работа за прочистување на организмот, а е полна со витамини за побрзо опоравување.

Сендвич со туна

Туната е полна со хранливи материи, а истражувањата покажале дека е и една од најдобрите намирници за надоместување на изгубените витамини од телото.

Англиски појадок

Состојки на англискиот појадок можат да варираат, но неколку основни намирници секогаш мора да се најдат на масата за да може оброкот да с енарече „англиски појадок“. На пример, кајгана од две јајца, пржена сланина, колбас, печурки и препечен тост се нужни делови на овој појадок. Јајцата содржат во себе цистеин, амино киселина која е ефектно оружје против ацеталдехидот, токсин кој е нуспродукт од оксидацијата на етанолот, такашто оваа намирница е во секој случај одличен избор.

Леб

Интегралниот леб е полн со витамин Б и масни киселини кои ќе помогнат за детоксикација на црниот дроб и за излекување на телото. Исто така, ќе се апсорбира вишокот алкохол што секако е еден од најдобрите налини за борба против мамурлак. Задолжително земете парче интегрален леб со супата од зеленчук.

Ѓумбир

Во сите свои облици ѓумбирот помага при олеснувањето на мачнините, а исто така делува и како одличен антиинфламаторен лек. Зачинете го чајот со малку ѓумбир направете вкусна супа од ѓумбир и моркови.

Банани

Тие се полни со калиум и магнезиум, два минерали кои се губат во организмот додека се пие алкохол што може да предизвика силен замор. Недостатокот на калиум предизвикува повраќање, предизвикува грчеви и мачнина, такашто бананата може многу а ви помогне во борбата со утринскиот мамурлак. Банана или пак напиток од банана, ќе ви помогне веднаш да се чувствувате подобро.