За да го направите овој сладолед ви се потребни три основни состојки. Сите додатоци потоа се работа на личен вкус и избор.
За основниот рецепт ви требаат:
Две банани (најпрвин треба да ги ставите да се замрзнат во замрзнувачот)
2 лажици путер од кикирики
1 лажица какао во прав
Како додатоци можете да употребите јаткасти плодови или пак зрнесто овошје по сопствен избор, но и трите основни се сосема доволни за одличен вкус.
Приготвување:
Сите состојки ставете ги во блендер, а потоа замрзнете ја смесата.
Освен што е неодоливо вкусен, овој сладолед е и прилично здрав па не мора да се грижите ако претерате. Имено, содржи здрави масти и протеини што го прави идеален пролетен десерт.