Појадувајте обилно и изгубете 10 килограми

Сите луѓе се различни и сите имаат поинакви навики и различни планови за слабеење. Стручњаците истакнуваат дека овој трик за појадок го топи салото кај сите

0
622

Ако сакате да ослабнете не го прескокнувајте појадокот. Веројатно тоа веќе сте го чуле. Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе можат да ослабнат 10 и повеќе килограми ако ја одберат вистинската храна за појадок.

Стручњаците истакнуваат дека вашиот појадок треба да биде богат со протеини (кашкавал, јајца, јогурт, јаткасти плодови) и со влакна (овесни снегулки, леб од цели зрна пченица, житарки). Ваквиот појадок ќе ви даде енергија, а ќе ви го забрза метаболизмот.
Се советува за појадок да внесете максимум 250 до 300 калории, а најдобар трик за слабеење е прво да појадувате, а потоа да вежбате. На овој начин ќе ги зачувате во теклото само важните материи од појадокот, а ќе ги согорите јаглените хидрати.

Како одличен појадок за симнување на килограми се препорачуваат јајцата, најдобро варени и овесна каша. Нема да згрешите ако во кашата додадете банана која е вистинска енергетска бомба и малку јаткасти плодови.

Резултатите нема да бидат видливи ако не вежбате и ако во текот на денот не внимавате на количината на храната и изборот на намирниците кои ги јадете.