Плескавици од тиквички

0
548

За плескавиците од тиквички, освен тиквички, потребни ви се:

1 јајце

Палента или презли

50 г сирење

100 г павлака

Сол, црн пипер

1 лажица маслиново масло

Масло за пржење

Приготвување:

  1. Изрендајте ги тиквичките и оставете ги да се исцедат.
  2. Во смесата додадете изматено јајце, рендано или згмечено сирење, павлака и зачини. За да биде смесата компактна додадете презли или палента.
  3. Обликувајте подебели плескавици и извалкајте ги во палента.
  4. Пржете ги кратко од двете страни додека да се заруменат.