Кога најголемите консумери на говедско и јагнешко до 2050.година би го намалиле неделното консумирање на тој вид на месо на само 1 ипол хамбургер, емисијата на стакленички гасови би успеала да се намали па шумите би биле поштедени од сеење и преобразување во земјоделски земјишта, велат стручњаците од институтот.
Моментално, Американците и Европјаните јадат двојно поголема количина месо од споменатата, а Бразилците дури три пати повеќе, вели Тимоти Сирчингер, главен автор на извештајот и научник од Универзитетот Принстон.
„Ваквото решение ветува и изгледа најреално“, рекол тој додавајќи дека ќе биде многу потешко да се намали вкупната потрошувачка на месо на глобално ниво.
Според податоците од 2010.година, потрошувачите во САД, Канада, Европа, Латинска Америка, како и во државите од поранешниот Советски Сојуз сочинуваат четвртина од светската популација но консумирале повеќе од половина од глобалната количина на говедско, јагнешко и козјо месо.
Според податоците на ОН, земјоделието во глобалното загревање учествува со 11 отсто, а најмногу стакленички гасови создаваат гноивото и системот за варење на преживарите.
На земјоделските земјишта доаѓа до емисија на стакленички гасови заради исушување на тресетиштата, при што во воздухот се испушта еден од главните стакленички гасови, јаглеродниот диоксид.
Се очекува дека потребата за храна на глобално ниво до 2050. ќе порасне повеќе од 50 отсто поради порастот на популацијата. Приближувањето до таа бројка би можело да има застрашувачки последици кога станува збор за животот на нашата планета, велат од WRI.
„Тоа веројатно ќе бара сечење на преостанатите шуми при што ќе исчезнат илјадници животински и растителни видови“, стои во извештајот.
При производството на тони месо од преживарите се емитираат четири пати повеќе стакленички гасови отколку при производство на свинско, и псум пати повеќе отколку при производство на пердувсти животни.
Истовремено, во случајот на преживарите е потребно повеќе земја за пасење и за одгледување, истакнуваат авторите.
Фото: Pixabey