Доаѓа пролетта, а општо е познато дека пролетта е период кога најголенмо внимание се посветува на реорганизацијата на животот, навиките и домаќинствата. Една од промените што ќе ги направите во животот нека биде и неделната набавка на намирници. Ние составивме за вас точен список на намирници кои ќе ви бидат доволни во текот на работната недела од нив да направите шест готвени оброци за вашето семејство.
Да тргнеме по ред.
Протеини. На секој список треба да се најде месо, а најкорисно е пилешкото. За цела недела ќе ви бидат доволни две помали пилиња, околу 300 г.од некој колбас, 600 г риба (или некое друго месо ако не сакате риба) и задолжително купете 12 јајца.
Зеленчук и житарки. Кога станува збор за зеленчук и житарки би требало да купите: 8 пиперки, 7 главици црвен кромид, вреќичка компири, 2 келја, 3 главици лук, 750 г ориз, конзерва пелати, јаткасти плодови, замрзнат грашак или мешунки.
Млечни производи. Покрај млеко и јогурт задолжително купете павлака за готвење и околу 300 г кашкавал.
Намирници за во шпајз. Намирници кои сигурно нема да ги купувате секоја недела, а кои секако би требало да ги имате во шпајзот се: масло (обично и маслиново), соја сос, путер, оцет, мелен црвен пипер, толчен лут пипер, сол, црн пипер, шеќер, цимет, екстракт од ванила, брашно, тестенини, конзерви туна.
Со ваков список на намирници, можете да зготвите многу работи. Секако, вие прилагодете го менито кон вкусовите на членовите на вашето семејство.