Состојки:
За тестото:
250 мл вода
1 кесичка сув квасец
1 лажичка шеќер
сол
50 мл маслиново масло
500 г брашно
За филот:
1/2 кг модар патлиџан
Доматно пире
Чешне лук
Моцарела или меко кравјо сирење
Оригано
Босилек
Сол, бибер
Приготвување:
- Замесете го тестото и оставете го да отстои з да нарасне.
- Поделете ја количината во ависност од големината на тепсијата во која ќе ја печете пицата.
- Развлечете го тестото и ставете го во тепсија попрскана со брашно
- Премачкајте го тестото со доматно пире помешано со сол, бибер, маслиново масло и оригано.
- Наредете тенко исечени кругови од модар патлиџан, а одозгора изрендајте го сирењето и на крајот додадете ситно сечкано лукче и босилек (свеж или сув).
- Испечете и јадете додека е топла.