Состојки:
1 ипол шолја млака вода
2 лажички сув квасец
Прстофат шеќер
4 шолји интегрално брашно помешано со пченично
1 лажичка сол
¼ шолја зејтин
200 г сос од домати
100 г моцарела
Зејтин
100 г црвена пиперка
100 г жолта пиперка
100 г домати
100 г шампињони
Тиквичка
Оригано и босилек
За тестото:
- Во шолја ипол млака вода помешајте две лажички сув квасец и прстофат шеќер. Оставете нека стои на собна температура околу 5 минути.
- Во поголем сад ставете четири шолји интегрално брашно помешано со пченично и со лажичка сол.
- Додадете четврт шолја зејтин, смесата со квасец и вода и шеќер, помешајте и замесете тесто. Од тестото обликувајте топчиња, покријте ги со крпа и оставете да стојат на собна температура додека не станат двојно поголеми.
За филот:
- Расукајте го тестото и ставете го на намрсен калап или врз хартија за печење. Премачкајте го со сос од домати, ставете пола од моцарелата, а потоа зеленчукот (тиквица, патлиџан, печурки) кои претходно можете накусо да ги пропржите на масло.
- Потоа ставете го другиот дел од моцарелата и по желба поросете си босилек и оригано.
- Печете во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути.