Пита со праз и моцарела

0
454

Состојки:

2 праза

2 лажици путер

5 лажици маслиново масло

1 шолја (2 дл) пченкарен гриз

1 шолја брашно

1 прашак за пециво

1 шолја јогурт

2 моцарели

3 јајца

1 лажичка толчена пиперка

Сол и црн пипер

Приготвување:

На загреан путер пропржете го празот околу 10 минути. Тргнете од оган и оставете го да се олади.

Изматете ги јајцата со маслиново масло и со јогурт и додадете ја изренданата моцарела.

Во друг сад измешајте ги брашното, пченкарното брашно, прашакот за пециво, сол, црн пипер и толчен пипер. Во оваа смеса додадете ја смесата со јајца и добро измешајте.

Ставете ја смесата во тркалезен калап за торта и печете 30-35 минути на 200 степени.