Состојки:
5 јајца
200 г шеќер
250 г бадеми
1/2 лажичка цимет
Кора од 1 лимон
Кора од 1 портокал
Шеќер во прав за поросување
Приготвување:
1. Изматете ги јајцата и шеќерот, додадете ги мелените бадеми, циметот и ситно изрендана кора од лимон и од портокал.
2. Намрсете го калапот и ставете ја смесата. Печете на 180°C околу 30 минути.
3. Кога ќе се олади поросете со шеќер во прав.