Пилешко и брокула во пијан сос

Пилешкото и брокулата се непогрешлива комбинација, а ова е уште еден едноставен и брз рецепт со бело вино.

0
554

Дополнителен плус за ова јадење е тоа што е готово за само половина час и се прави во една тава. Значи, нема едно чудо валкани садови.

Состојки:

Пилешки батаци (во зависност од тоа за колку луѓе готвите)
3 чешниња лук
1 кромид
1 дцл бело вино
2 дцл вода
1 лажица соја сос
5 лажици мед
1 брокула
сол, црн пипер, свеж магдонос, маслиноов масло

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Пилешкото зачинете го, прелијте го со маслиново масло и пропржете го во загреана тава околу 5-6 минути. Извадете ги копаните и оставете ги настрана.
Ставете во истата тава исечкан кромид и лук, малку сол и црн пипер и мешајте 1-2 минути. Додадете вино, а потоа и водата и продолжете да мешате. На крајот додадете ги соја сосот и медот.
Кога се ќе се соедини тргнете ја тавата од оган, ставете ги внатре копаните и цветовите брокула и печете околу 20 минути.
На крајот послужете со сечкан свеж магдонос.