Пијана торта од хељда

Оваа торта е од брашно од хељда, а „пијана“ е затоа што се прелива со интересен прелив кој освен шеќер, содржи и 500 мл бело вино искомбинирано со најароматичните зачини – цимет, каранфилче и ванила. Можете да ја послужите со павлака

0
303

Состојки:

5 жолчки

100 г шеќер

Рендана кора од лимон

5 белки

150 г хељдино брашно

Путер за премачкување на калапот

Прелив:

500 мл бело вино

200 г шеќер

1 цимет

2 каранфилчиња

1 стапче ванила

Приготвување:

1. Изматете ги жолчките и шеќерот, па додадете ја кората од лимон и наизменично додавајте од брашното и од снегот од белки кои посебно ќе ги изматите.

2. Ставете ја смесата во калапот за печење намачкан со путер (со димензии 20-22 цм) и печете на 180˚C околу 30 минути. Извадете ја и оставете ја да се олади.

3. Сварете го виното со шеќерот и зачините на пареа. Добро изладете.

4. Постепено добро натопете ја изладената торта со преливот од вино и послужете со 1 лажица павлака.