Подгответе го тестото за пица по својот веќе испробан рецепт, почекајте да нарасне, развлечете го и испечете го во тавче, на рингла.
Откако тестото ќе нарасне, развлечете го тенко, загрејте ја тавата на најсилно и ставете го тестото да се пече.
Потоа намалете ја температурата, свртете го од другата страна, прелијте со сос од сомати, ставете рендан кашкашавл и покријте со капак за убаво да се загрее и да се растопи. После пет минути, тргнете го капакот и проверете да не ви загори дното. Пицата е готова кога кашкавалот ќе се растопи.
Едноставно и вкусно, без вклучување на рерната.