Веројатно мислевте дека е многу поздраво да се јадат свежи моркови, домати или зелка затоа што така задржуваат повеќе хранливи состојки, но верувале или не, не сте во право!
Овие пет намирници се речиси секојдневно во нашата исхрана и добро е да знаете дека токму топлината и загревањето се потребни за да го остварат својот полн потенцијал, па е подобро да ги јадете сварени!
Печурки
Не можете да ги јадете сите печурки сурови, но на пример, шампињоните можете. Но токму со варењето кај нив се ослободува нивниот полн потенцијал. Се зголемуваат антиоксидансите што ги содржат како и нивото на витаминот Д и влакна, железо и фолна киселина.
Спанаќ
Познато е дека суровиот спанаќ е многу здрав па често го ставаме во свежи напитоци како смути, но е уште поздрав кога ќе го свариме. Зошто? Затоа што на тој начин има поголема количина на витамини А, Е и Б1, протеини, калциум, железо, а уште подбра работа е што со варењето се ослободува и бета каротен и лутеин кои помагаат за зачувување на здравјето на очите.
Моркови
Иако се одлични и сурови, многу се поздрави кога ќе ги свариме. При варењето се ослободуваат антиоксиданси кои им помагаат да задржат повеќе каротеноиди и витамин Ц.
Домати
Со варењето на доматите се ослободува силен антиоксиданс ликопен, па добро е да направите сос од домати или супа.
Зелка
Зелката е вистинска ризница на идеи за ручек. Се јаде во секакви варијанти, но има повеќе благодети кога е сварен. Со варењето се зголемува количеството на железо што го содржи. Ако не сакате да го варите предолго, испечете го во рерна.