Пет најголеми заблуди за здравата храна

0
447

Интернетот е преполн со совети за здрава исхрана, но дали се сите тие вистинити? Дознајте зошто супер здравото смути сепак не е толку здраво или пак дали ќе се здебелите доколку уживате во храна после 18 часот.

Смути секој ден!

Иако порцијата свежо овошје и зеленчук во убав напиток е секако поздрава замена од сендвич со кашкавал и шунка, секојдневното консумирање смути наместо урамнотежена исхрана може да се претвори во лоша варијанта. Влакната му помагаат на организмот подобро да ја вари храната која ја внесуваме, а без нив телото доживува промена на која тешко се прилагодува. Исто така, со секојдневното консумирање на смути во организмот внесуваме големи количини на шеќерот од овошјето, дури и тогаш кога одбираме помалку благи плодови.

Овошјето е чист шеќер

Овошјето содржи шеќер кој се вика фруктоза. Таа се наоѓа и во различни сокови и производи и токму таквиот вид на фруктоза е за вас полоша, додека онаа од овошјето ќе ве нахрани со здрав шеќер. Освен тоа, овошјето е богато со влакна, а веќе знаеме дека се влакната здрави. Значи уживањето во свежите плодови овошје во цврста форма не е погрешно, дури ни кога мислите дека сте претерале.

Уживањето во храна после 18 часот ќе ве здебели!

Ова не е точно доколку на здрав начин ги потрошите калориите кои сте ги внесле во организмот. Се додека сте подготвени да ги потрошите калориите со вежбање или да јадете поздрава храна, во истата можете да уживате кога сакате.

Органското е поздраво!

Се што има на себе етикета „органско“ не е автоматски и поздраво. На пример, продавниците а здрава храна продаваат различни намирници со ознака био додека поголемиот дел од нив всушност доаѓаат од еднакво производство како и намирниците без етикета. Пред купувањето на овие производи треба да се проверат фактите за да не наседнете на скапи трикови.

Забранета е нездравата храна!

Забрането е да се ужива во нездрава храна! Ако се одлучите за некоја од мноштвото диети или пак само сакате да живеете здраво, откажувањето од некои слатки мали задоволства не е нужно. Битно е да јадете урамнотежено. Затоа, парче пица повремено или омиленото колаче нема да ви наштети. Само гледајте тоа да биде во сооднос 90:10 во полза на здравата храна.