Прв дневен оброк не смеат да бидат следниве производи:
Домати
Полни се со витамини и антиоксиданси, меѓутоа, ако јадете само домати за појадок, тие, во комбинација со желудочната киселина може да предизвикаат силни болки во желудникот.
Цитрусни плодови
Лимонот, портокалите, грејпот, мандарините и други цитрусни плодови се одличен извор на витамин Ц. Меѓутоа, киселините кои ги содржат можат да ја нападнат слузокожата и заради малите ранички од кислеината предизвикуваат болки во устата и хранопроводникот.
Тесто со квасец
Квасецот, особено ако се консумира наутро, може да го иритира желудникот и да предизвика силна надуеност и пречки со варењето на храната. Значи, наутро обидете се да избегнувате пецива и лиснато тесто.
Краставици
Генерално, би требало да избегнуваме сиров зеленчук наутро, како прв оброк. Кислеините и надуеноста се особено силни по консумацијата на краставици на празен желудник.
Јогурт
Јогуртот ни носи многу важни млечни бактерии од млечна кислеина кои се добри за цревната флора. Но ако го консумираме на празен желудник, тие добри бактерии ќе ги „изеде“ желудочната киселина.