Вистински есенски ручек ќе добиете токму со комбинација на есенските плодови. Спојте го раскошното свинско со костени, додадете зачини како жалфија, рузмарин и лук, па се збогатете со вкусовите на сува сланина.
Можете да додадете и печурки и прокељ кои на прекрасен начин ќе ја дополнат целата есенска комбинација.
Состојки:
2 гранчиња жалфија
2 гранчиња рузмарин
5 чешниња лук
500 г свинско
Сол, црн пипер
300 г костени
250 г сува сланина
Приготвување:
- Исечкајте ги жалфијата, рузмаринот и лукот.
- Додадете им го свинското (исечено) на зачините, измешајте и оставете го да отстои два часа.
- Излупете ги костените.
- Во садот за печење наредете ги свинското, костените и сланината и печете во загреана рерна на 180°c околу 90 минути.