Состојки:
1 цвекло
1 батат
10-15 главички прокељ
Маслиново масло
Сок од 1 лимон
Сол, бибер, босилек
Приготвување:
- Излупете ги цвеклото и бататот, а прокељот засечете го, извадете ги надворешните ливчиња и измијте го.
- Исечете ги цвеклото и бататот на парчиња. Ставете ги во тава за печење, наредете ги главиците прокељ, прелејте со маслиново масло, зачинете и печете го во загреана рерна најмногу половина час.
- Сервирајте со сок од лимон.