Паприкаш, палачинки, чизкејк, пилав и бургери се јаделе и пред нашата ера

„Да се стави месото во стомакот на животното, потоа да се помеша сѐ со вода и да се готви на оган од коски. Коските согоруваат многу добро, а месото лесно се одвојува од стомачната шуплина откако ќе се свари. На тој начин волот или било кое друго жртвено животно е генијално смислено да се вари самото себе“, пишувал Херодот.

0
242

Храната има многу поголемо значење од тоа што обезбедува хранливи состојки и одговор на состојбата на глад, односно задоволување на нагонот за преживување.

Јадењето од секогаш претставувало ритуал на собирање на луѓето (племето, семејството), првнествено во текот на приготвувањето на оброкот, а потоа и со заедничкото консумирање на приготвената храна. Моделот на исхрана се смета и за своевидно национално обележје.

Храната е хоби, страст, професија, а некогаш и утеха.

Интересно е храната да се посматра од аспект на еволуцијата во начинот на приготвување – од месо правено на оган, под ведро небо до комплетната уметност на молекуларната гастрономија.

Паприкаш, 6000 години п.н.е.

Се смета дека ова јадење било спремано околу 6000. гдина пред новата ера. Паприкашот е мешавина од зеленчук, месо и бројни зачини, готвени бавно на тивок оган. Како резултат на ова во чинијата имате раскош од бои и вкусови.

Рецептите за паприкаш се главно едноставни и се засноваат на сезонски намирници. Приготвувањето на месо во течност, на оган, додека не омекне, е пракса која се применувала во кулинарството 7000-8000 години пред новата ера, што го вбројува паприкашот помеѓу најстарите јадења на планетата.

Пронајдоците на археолозите сведочат за користењето на тврдата опна на мекотелите како садови за варење паприкаш.

„Да се стави месото во стомакот на животното, потоа да се помеша сѐ со вода и да се готви на оган од коски. Коските согоруваат многу добро, а месото лесно се одвојува од стомачната шуплина откако ќе се свари. На тој начин волот или било кое друго жртвено животно е генијално смислено да се вари самото себе“, пишувал Херодот.

Исто така, постојат неколку историски записи за паприкаш базиран на леќа и житарки, во римските готвачи од 4.век пред нашата ера. Можат да се најдат и рецепти за паприкаши од риба и јагнешко. Во 16.век Ацтеките правеле паприкаш од човечко месо и лути пиперчиња, иако за овој рецепт се смета дека е измислен. Паприкашот е познат и како храна на сиромашните, благодарение на достапноста на состојките од кои се прави.

Палачинки, околу 3300.година п.н.е.

Ширум светот палачинките важат за еден од најчестите и најубавите појадоци. Се послужуваат со овошје, чоколадо, разни сирупи и преливи. Палачинка се нарекува сѐ што иззгледа како рамна, релативно тенка текстура од брашно која се приготвува во тава или на соодветна плоча/плех.

Во зависноста од местото од кое птекнуваат варира и дебелината на тестото – во Франција, Јужна Африка, Белгија и многу други земји палачинките се исклучително тенки, се прават од банани и слично овошје, па дури и од ферментиран ориз.

Со проучување на најстарата мумија на просторот на цела Европа, Ози-Ледениот човек (кој живеел отприлика околу 3300. Година пред новата ера), откриено е многу за исхраната во Неолитскиот периоди. На 7.Светски конгрес на истражувачите на мумии, научниците ги усогласиле резултатите за последниот оброк на Ози – помеѓу трагите од месо од елен и алпска коза, биле најдени и траги од пченични палачинки.

Палачинки сакале и жителите на античка Грција кои ги нарекувале „tagenias” или „teganites”, од зборот тагенон што во превод значи „тава за пржење“.

Старите Грци ги правеле палачинкит на глинени плочи поставени над оган. Записите на грчките поети од 5.век пред новата ера наведуваат дека при правењето палачинки користеле маслиново масло и брашно, а ги сервирале со мед и млеко.

Како и денеска, често ги јаделе за појадок. Филозофот од 3.век Атинеус, во својата книга „Deipnosophistae” пишувал за слична храна, која се правела од брашно со додатоци на сусам, сирење или само мед.

Старите Римјани сличните креации ги нарекувале alia dulcia (во превод од латински: „други слатки“). Детален рецепт кој подразбира мешавина од јајца, брашно и млеко потекнува од римските готвачи од 4.век. Зборот палачинка првпат се употребил во Англија во 15.век.

Чизкејк, 2000.година п.н.е.

Овој кремав и богат колач се состои од тенок слој слатко сирење и база од кекси помашени со путер или кора. Познатата американска верзија на рецептот го наведува познатото крем-сирење, кое настанало дури во 1872. Година, но оригиналната верзија потекнува од старите Грци кои користеле едноставна мешавина од мед, брашно и меко сирење за да направат лесна и зачинета торта која често ја служеле на венчавки и други прослави.

Археолозите во текот на последниот век нашле остатоци од мувла од сирење од 2000 година п.н.е. Овој доказ би можел да укаже на постоење на рецептот за чизкејк. Постојат и докази дека овој десерт им се служел на атлетичарите во текот на Олимписките игри во 776. година п.н.е., а првиот запишан рецепт е најден во 230 година од новата ера во рецептите на грчки автор. Со време овој десерт го нашол патот до Европа, а се зборува дека тоа бил омилен колач на Хенри VIII.

Пилав, период 1000-500 година п.н.е

Иако лебот важи за најстара храна, за која се смета дека се правела уште пред 30.000 години, покомплицирани видови леб, како оние зачинетите и други видови пецива, се појавиле доста подоцна. За приготвување на оризот важи малку поинаква историска формула – пилав како јадење богато со различни зачини и месо се прави уште од античко време. Постои огромен број видови кои вклучуваат различни билки и зачини.

Пилешко, свинско. Јагнешко, риба, морски плодови, моркови – со пилавот доаѓаат предвид речиси сите намирници. Ова е јадење со многу имиња, во зависност од земјата од кадешто потекнува, а познато е дека се консумира во земјите од средниот исток, централна и јужна Азија, Индискиот субконтинент, источна Африка, на Балканот, итн.

Етимолошки, пилавот води потекло од персискиот збор polow, која понатаму води потекло од индискиот pulao, а коренот е во збор од индискиот книжевен јазик – Санскрит – pulaka, што конечно значи оризова топка. Оризот прво се одомаќил во Кина, пред речиси 13.000 години, а нешто подоцна и во Индија. Жителите на древна Персија го култивирале оризот помеѓу 1000. и 500. година п.н.е.

Распространетоста на оризот го трасирала патот за првиот рецепт за негово приготвување. Александар Велики се запознал со убавините на оризот по освојувањето на Согдијскиот град Самарканд (сегашната територија на Узбекистан и Таџикистан). Набрзо пилавот е прифатен во Македонија и оттаму се проирил низ Европа.

Еден од најстарите рецепти за пилав со шафран и други ароматични билки настанал со доаѓањето на муслиманите во Индија – ова јадење е оригинално познато како бирјани. Се смета дека шпанската паелја настанала од рецептот за пилав.

Бургери или како што велат старите Римјани – ISICIA OMENTATA

Бургерите се апсолутен феномен кога станува збор за брзата храна на модерното време. Сендвичите со месо, со кашкавал, сланина, салата, домати, кромид, мајонез и краставички, помеѓу две меки земички, се омилени за гурманите ширум светот. За бургерите историчарите сметаат дека  потекнуваат од говедското месо кое го приготвувале Римјаните околу 4.век п.н.е.

Оригиналниот рецепт подразбирал мешање на мелено месо со зачини, бело вино, познатиот гарум сос од риба и пињоли. На просторот на САД бургерите  првпат се јавуваат во 1900.година.

Фото: Pixabey

Извор:nationalgeographic