Палачинки во боја, ама здрави

Зелените палачинки со спанаќ не само што имаат необична боја, туку имаат и единствен вкус. Рецептот го најдовме на Green Kitchen Stories

0
482

Green Kitchen Stories е проект посветен на креирање здрави вегетаријански рецепти, кои освен што се здрави, се и едноставни, а овие зелени палачинки се нешто што често го имаат на своето мени.

Овие зелени палачинки можете да ги полните и со различни филови, што значи дека со нив добивате одлична база за разновидни комбинации.

Состојки:

5 јајца

150 г овесно или хељдино брашно

500 мл млеко по ваш избор

1 полна рака спанаќ

Малку помалку босилек, нане или магдонос

Морска сол

Приготвување:

Ставете ги јајцата во блендер и додадете ги останатите состојки. Мешајте на голема брзина се додека не добиете компактна смеса. Оставете да отстои пред да почнете да ги печете.

За печење додадете малку путер или кокосово масло во тавата и загрејте ја на средна температура. Кога ќе се загрее, ставете од смесата за палачинки и печете 1-2 минути, или додека не се формираат на површината мали меурчиња:

Полека одвојте ја палачинката од рабовите, внимателно свртете ја и печете уште една минута. Испечете ги сите палачинки на истиот начин.

Палачинките можат да стојат во фрижидер и 3-4 дена.

Фотографијата е преземена од ТУКА.