Овошна салата со боранија

...Или салата од боранија со вашето омилено овошје и, се разбира, многу многу лук

0
143

Можеби на некого ќе му се крене коса на глава само што ќе го види зборот „боранија“, па уште и во комбинација со овошје и со лук и босилек, ама на некого можеби и ќе му се допадне.

Како и да е, ви советуваме барем да ѝ дадете шанса…здрава е, лесна е, и верувајте…навистина е вкусна!

Состојки:

Млада боранија

Лук, сол, црн пипер

Свеж босилек

Овошје по избор (ние ставивме кајсии и круши)

Маслиново масло

Јаболков оцет

Приготвување:

Исчистете ја боранијата и сварете ја кратко, исцедете ја и оставете ја да се олади.

Потоа зачинете ја, додадете многу ситно исечкан лук и овошје по ваш избор.

Ставете ливчиња свеж босилек и уживајте во лесниот летен ручек со најубави бои.