Состојки:
1 пакување посни бисквити
2 кесички пудинг од ванила
млеко од ориз или некое друго растително млеко
киви и банани (отприлика, една кутија пакувани свежи киви и 2 банани)
кокосово масло или маргарин (или комбинација од двете)
100 г кокос
Приготвување:
Сварете го пудингот според упатството на кесичката со тоа што ќе употребите растително млеко.
Во пудингот размешајте пола маргарин или неколку лажици кокосово масло и додадете го кокосот.
Потоа редете ги бисквитите па одозгора размачкајте од филот и наредете тркалца од киви и банани или некое друго овошје по ваш вкус.
Редете додека имате материјал со тоа што треба да завршите со филот и со ред од овошје. Ако се кивите премногу зелени и кисели можете да породите малку шеќер во прав.
Но… тортата не се јаде веднаш. Направете ја од вечер за следниот ден да биде таква како што треба – мека и сочна.