Според ботаничарите, овошјето е дел од растението кое се развива од цветот. Исто така, тоа е дел од растението кое во себе ги содржи семките. Другите видови растенија се сметаат за зеленчук. Тие ги вклучуваат стеблото, листовите и корењата – дури и цветот од пупка.
Има плодови со кои знаеме да згрешиме кога станува збор за темата – овошје или зеленчук.
Причината за оваа забуна доаѓа од фактот што дефинициите за овошје и зеленчук се разликуваат во ботаниката и во кулинарството. Зборувајќи од перспектива на ботаниката, овошјето е семкаста структура која се развива од оплоден цвет, додека зеленчукот настанува од другите делови на растението (корени и листови). Технички, овошје се:
Авокадото, гравот, боранијата, пченката, краставицата, житарките, јаткастите плодови, маслинките, пиперките, ТИКВАТА, семето од сончоглед и доматите.
Наспроти нив, репката, компирот (корен), лубеницата, целерот (стебло), марулата (листови), карфиолот и брокулите (пупка), цвеклото и морковот, се зеленчуци.
Меѓутоа, оваа поделба се разликува од онаа на која сме навикнати.
Имено, од кулинарска гледна точка, зеленчукот е помалку благ, посолен е и се служи како дел од главно јадење. Овошјето е поблаго и кисело и најчесто се служи како десерт или ужина.
Затоа, плодовите кои ботаниката ги смета за овошје (доматите, тиквиците, краставиците), ние ги сметаме за зеленчуци.
Во дебатата за разликувањето на овошјето и зеленчукот, во неколку случаи мораше да се вклучи и законот, меѓу кои секако најпознат случај е одлуката на американскиот Врховен суд во случајот на “Nix” против “Hedden”, кога судот одлучи дека доматот мора да се оданочува како зеленчук, наместо како овошје, кое има пониска даночна стапка.
Овошје ли е зеленчук ли е?
Има плодови со кои знаеме да згрешиме кога станува збор за темата - овошје или зеленчук. На пример, со лубеницата и доматот. Имено, технички, лубеницата е зеленчук, а доматот е овошје. Зошто?