Состојки:
300-350 г несолена урда
3 јајца
100 г кафеав шеќер + 1 лажица за вишните
250 г овошје по избор (ние ставивме замрзнати вишни)
4 лажици гриз
Кора и сок од 1 лимон
100 г пченкарно брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
100 г путер
Приготвување:
1. Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете го растопениот и оладен путер и останатите состојки.
2. Премачкајте го калапот за печење со путер и ставете ја смесата. Печете 10 минути во загреана рерна на 170 степени.
3. Извадете ја па ставете ги вишните и печете упште 30-40 минути, во зависност од рерната.