Ова се најдобрите и најлошите намирници за црниот дроб!

0
1161

Црниот дроб е еден од најважните органи, бидејќи ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот. Затоа е исклучително важно да се обрне внимание на изборот на намирници.

Имено, постојат намирници кои ја поттикнуваат работата на црниот дроб и го подобруваат неговото здравје, но за жал, постојат и такви кои ги нарушуваат нејзините функции. Здравиот црн дроб е неопходен за живот и мора да знаеме на кој начин да го заштитиме.

Ова се најдобрите и најлошите намирници за вашиот црн дроб:

Овесна каша

Храната со многу влакна го поттикнува здравјето на црниот дроб. Овесната каша е најдобро да се јаде за појадок, зашто го поттикнува слабеењето и симнувањето масни наслаги од стомакот, што е секако добро за црниот дроб.

Брокула

Ако сакате здрав црн дроб ставете на чинијата разновиден зеленчук. Истражувањата покажуваат дека овој зеленчук помага за превенција од замастен црн дроб. Можете да ја сварите на пареа, да си направите салата или пак да ја ставите во смути.

Зелен чај

Преполн е со антиоксиданси кои штитат од некои облици на рак. Ако сакате да искористите повеќе предности од овој чај, секако подгответе го сами.

Кафе

Истражувањата покажуваат дека 2 до 3 шолји кафе можат да го заштитат црниот дроб од премногу алкохол или нездрави намирници кои ги внесуваме во текот на денот. Исто така, постои мислење дека кафето го намалува ризикот од рак на црниот дроб.

Вода

Една од најдобрите работи што можете да ги направите за црниот дроб е да се ослободите од вишокот килограми, а во тоа ќе ви помогне обична вода. Заменете ги слатките и газирани напитоци со вода и изгубете ги килограмите без многу труд.

Спанаќ

Богат е со антиоксиданси кои ја поттикнуваат правилната работа на црниот дроб. Можете да го подготвувате на разни начини. Од спанаќот можете да направите вкусна салата, пире или да го додадете во вашето смути.

Бадеми

Бадемите и другите јаткасти плодови се одличен извор на витамин Е, кој е одличен како заштита од замастен црн дроб. Бадемите се исто така добри и за срцето, па секако додадете ги во секојдневната исхрана.

Боровинки

Полни се со полифеноли, хранливи материи кои штитат од масен црн дроб, го поттикнуват слабеењето и го намалуваат холестеролот. Ако не сте љубител на боровници, заменете ги со намирници кои исто така содржат полифеноли, како што е црното чоколадо, маслинките или сливите.

Билки и зачини

Сакате истовремено да ги заштитите црниот дроб и срцето? Тогаш во подготвувањето на храната користете оригано, жалфија или рузмарин: Овие зачини се полни со полифеноли, но и со вкусови што ќе ја намалат потребата за досолување на храната. Во поткотвувањето на храната исто така можете да користитеи цимет, кари и кумин.

Исфрлете ја масната храна

Помфритот и хамбургерите никако не се добри за здравјето на црниот дроб. Преголемото внесување на заситени маснотии го отежнува правилното функционирање на црниот дроб. Со текот на времето може да дојде и до воспаленија, а можат да се појават и лузни на црниот дроб попознати како цироза.

Внимавајте на внесувањето на шеќери

Премногу шеќер може да го загрози здравјето заради тоа што црниот дроб дел од тој шеќер претвара во маснотии, што секако не е добро.

Бидете умерени со алкохол

Претераната консумација на алкохолни пијалоци го загрозува сериозно здравјето на црниот дроб. Освен што предизвикува создавање на замастен црн дроб, алкохолот може да поттикне и цироза на црниот дроб. Дури и повремената консумација на алкохол може да наштети ако имате генетски предиспозиции за заболување на црниот дроб. Дневно можете да испиете максиму еден алкохолен пијалок или, доколку станува збор за мажи, најмногу два.

Намалете го внесувањето на солта

На нашето тело му е потребна мала количина сол за да функционира правилно. Истражувањата покажуваат дека во организмот секој ден внесуваме вишок сол и тоа без да ја досолувате храната. Исто така, докажано е дека претераното внесување на натриум може да доведе до фиброза што упатува на цироза. Избегнувајте сувомеснати производи, конзервирана храна и досолување.