Ова не смеете никогаш да го замрзнувате!

Тестенини, веќе одмрзната храна, авокадо, свежи билки и уште некои други намирници не е препорачливо да се замрзнуваат

0
1658

Никој не сака да фрла остатоци од ручекот, а наједноставен начин да ги зачуваме е да ги ставите во фрижидер или во замрзнувач. Покрај веќе познатите намирници, како јајца, млечни производи и намирници кои имаат голем процент на вода, стручњаците предупредуваат дека има уште некои намирници кои не е добро да се замрзнуваат.

Веќе одмрзната храна

Замрзнувањето на веќе еднаш одмрзнатите намирници е опасно за здравјето поради развојот на штетни бактерии. Но, и за тој проблем постои решение. Пред замрзнувањето на храната распоредете и замрзнете ја онаа количина која е доволна за 1-2 чинии, па вадете по потреба. Ако сте замрзнале премногу, повторно згответе го она што ви преостанало затоа што во тој случај можете повторно да ја замрзнете храната.

Сварени тестенини

Варените тестенини можат да стојат неколку дена во фрижидер, но ако се одлучите да ги замрзнете, имајте на ум дека при одмрзнувањето ќе се распаднат, ќе го сменат вкусот и текстурата и ќе станат како каша.

Сосови

Не е добро да се замрзнуваат остатоци од сосови затоа што доаѓа до одвојување на состојките па затоа е подобро да се јадат истиот ден кога се зготвени. Стручњаците предупредуваат на и дека особенбо внимание треба да се обрне на сосовите кои содржат било каков вид на брашно затоа што нивното одвојување е уште поинтензивно.

Кечап

Ако пакувањето со кечап веќе долго ви стои отворено, подобро фрлете го затоа што при одмрзнувањето ќе стане воденест.

Лебни трошки

При замрзнувањето лебните трошки ја собираат водата, затоа кога ќе посакате да ги одмрзнете веднаш стануваат меки, влажни и го менуваат вкусот. Ако сакате да правите јадење во кое се додаваат лебни трошки, тогаш е подобро да одвоите дел од истото пред да додадете лебни трошки кој можете да го замрзнете, а трошките додадете ги по одмрзнувањето.

Пржена храна

Не се препорачува замрзнување на пржена храна затоа што во текот на одмрзнувањето ќе пуштат влага заради која храната ќе стане како каша, а причина за ова се токму лебните трошки (презли) кои обично се ставаат при пржењето.

Свежи билки и авокадо

И авокадото и билките стануваат како каша, а замрзнатите зелени билки ќе ја сменат бојата во кафена. Одвојте го коренот од листовите и нив замрзнете ги со коцки мраз. Кога ќе почнете да готвите можете мразот веднаш да го ставите во врелата вода.

Конзерви

При замрзнувањето на конзервираната храна постои можност за експлозија. Предноста на храната во конзерва е токму тоа што може да стои долго во фрижидер па немате потреба да ја замрзнувате.