На пазарот веќе почнаа да се појавуваат лубениците и дињите па време е да почнеме малку по малку да ги вклучуваме во менито. За почеток, бидејќи се се уште скапи, купете си лубеница на парче (впрочем како што обично се купува ширум светот) и подгответе ја на еден поинтересен начин.
Состојки:
Парче лубеница
Свежо нане
Сок од лимон
250 г фета сирење
Приготвување:
Изладената лубеница исечете ја по желба или пак издлабете ја со лажица за сладолед. Топчињата од лубеница наредете ги на линија и накапете ги со сок од лимон.
Поросете ги со фета сирење и ливчиња од свежо нане и послужете.