Состојки:
4 жолчки
2 лажици шеќер во прав
1 лажичка пченкарен скроб
570 мл свежо млеко
50 г путер
Неколку капки екстракт од ванила
Приготвување:
- Изматете ги жолчките и шеќерот, па додадете го брашното.
- За тоа време загрејте го млекото во кое сте го додале путерот и кога ќе зоврие тргнете го од оган. Додавајте го млекото во смесата од жолчки и шеќер постојано мешајќи.
- Вратете ја целата смеса повторно во тенџерето на тивок оган постојано мешајќи со дрвена лажица додека не се направи крем. Во тој крем можете да додавате по желба стопено чоколадо, јагоди, малини.
- Ставете ја смесата во замрзнувач и кога е делумно замрзната извадете ја од замрзнувачот, измешајте ја добро со миксер и повторно вратете ја во замрзнувачот. Можете ова да го повторите неколку пати за да добиете колку што е можно поубав мазен сладолед без замрзнати грутчиња.