Ослободете се од киселините во желудникот

Получасовното џвакање на мастика после мрсен оброк го намалува кревањето на желудочна киселина

0
386

Студијата објавена во американското списание „Journal of Dental Research“ вели дека 30-минутното џвакање на мастика после мрсен оброк го намалува кревањето на желудочна киселина, такашто таа се потиснува од зголемената количина на плунка која се лачи во текот на џвакањето.

Желудочната киселина се излива нагоре во вашиот хранопроводник, предизвикувајќи притоа чувство на силно печење во пределот на стомакот, под градната коска.

Ноќе пак, желудочната киселина ќе ја натерате да исчезне, такашто ќе спиете на крената перница, а ако не сакате големи перници тогаш едноставно ставете дрвени плочки со дебелина од околу 5 цм под нозете на креветот на онаа страна на која ја ставате главата.

Фото: Pixabey