Ослиќ на кромид со суви сливи и суво грозје

Верувале или не, ова е еден од оние стари рецепти кои ги подготвувале нашите баби. Иако сега сите се обземени од слатко-солените вкусови за кои веруваме дека се далеку од нашата традиција, овој рецепт го демантира тоа.

0
409

Состојки:

1 пакување замрзнат ослиќ

5 главици кромид

Суви сливи

Суво грозје

Маслиново масло

2-3 ливчиња лорбер

Бибер во зрна

Сол

Рузмарин

Маслиново масло

150 мл бело вино

Приготвување:

  1. Исечкајте го кромидот и ставете го во тепсија за печење. Одозгора наредете ги парчињата ослиќ и зачинете. Додадете ги сувите сливи и сувото грозје, маслиновото масло и виното.
  2. Ставете во загреана рерна да се пече околу 40 минути.