Состојки:
100 г ориз
Околу 2 шолја млеко или кокосово млеко
2 шолји вода
Околу 50 г рендан кокос
Чоколадо
2 лажици кокосово масло
Ванилин шеќер
По желба, малку шеќер или некоја замена за шеќер.
Приготвување:
Измијте го оризот и ставете го во едно тенџере па прелијте го со 2 шолји вода и варете, а кога ќе ја упие водата (не цела), додадете го млекото и продолжете да варите.
Додадете кокосово масло, ванилин шеќер, засладувач по желба и варете уште малку. По потреба додавајте уште млеко, а пред крајот додадете го кокосот и сварете го оризот до крај.
За послужување ставете во сад од оризот и додадете неколку парчиња чоколадо и повторно додадете уште некој слој од оризот. Чоколадото убаво ќе се растопи и ќе биде вкусно „изненадување“ кога ќе го пробате.