Има ли нешто поубаво од мирисот на тукушто подготвен омлет?
Научете се наутро да појадувате, и тоа не колку да се рече, туку обилно. И тоа нека ви биде најобилниот оброк во денот. Знаете веќе зошто е појадокот најважен и зошто треба да биде калоричен, но зошто пак да не е и вкусен. Порано и онака не се јадеа само мусли или смути од авокадо. Пржевме лепчиња со јајца, правевме јајца на око и, се разбира, кајгана во разни варијанти. Понекогаш ги варевме па ги јадевме во полутечна состојба, во комбинација со препечено лепче и домашно слатко од вишни.
Само треба да станете половина час порано и да му се вратите на стариот добар појадок од јајца, во било која варијанта…