Овие омлет мафини може да ги прави секој, и оние искусните, но и почетниците во кујна. Добро е што тие што ќе ви останат можете да ги чувате во фрижидер дури 3 дена, а можете и да ги замрзнете и потоа само да ги подгреете.
Состојките можете да ги менувате според сопствениот вкус, но во основата на сите, нормално, бидејќи станува збор за омлет-мафини, се јајцата.