Ќофтиња од тиквички

Ако сакате зеленчук, ќе ви се допаднат, ако сте по месото, направете си „стрејт“ ќофтиња

0
227

Состојки:

2 тиквички

2 јајца

2 моркови или 1 поголем

1/2 кромид

малку лукче по желба

40 г пармезан

200 г брашно од наут (може и обично, ама поздраво е со брашно од наут…само смелете го наутот во блендер со оној дел со кој се мелат кафето и шеќерот)

1 лажица маслиново масло

сол, црн пипер, црвен пипер (по желба, може и лут)

Приготвување:

Излупете ги тиквичките, изрендајте ги и оставете ги барем пола час да постојат, а потоа исцедете ги од течноста што ќе ја пуштат.

Изрендајте ги и морковите и кромидот и едно чешне лук. Помешајте со тиквичките, додадете ги јајцата, пармезанот, брашното и зачините и измешајте се заедно.

Обликувајте ќофтиња и редете ги во тепсија со хартија за печење. Печете ги 20 минути на 200 степени, а потоа свртете ги и оставете да се допечат уште 5 минути и од другата страна.