За да направите ваква салата, прво треба да сте многу гладни, а второ, треба да сте гурмани, шшто би се рекло, мераклии за јадење.
Значи, кога некој ќе каже, денеска за ручек, поминавме само со салата…тоа најчесто подразбира дека оброкот бил лесен и брз.
Епа, и овој ручек е салата, ама не е лесна, туку вистинска ручек – салата!
Состојки:
сварен шарен грав (со ловоров лист)
варени јајца
варени моркови
сардини
млад кромид
кисели краставички
калинка
сок од лимон
сол, црн пипер
по желба, малку мајонез
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки, зачинете, додадете по желба и свежо исцеден сок од калинка и неколку зрна и уживајте во оввој оброк полн со протеини и витамини