Oдличен подарок за љубителите на слатки

Ако сакате да ги воодушевите љубителите на слатките, подарете им ги сите состојки за подготовка на празнични колачиња со ѓумбир и миризливи зачини во тегла, како и калапи за подготовка на истите ...

0
616

Подарете им на вашите пријатели кои се љубители на слатки задоволства, подготвени состојки за прекрасните миризливи празнични кекси во тегли, кои потоа само ќе треба да ги измешаат, да ги обликуваат и да ги испечат.

Суви состојки за новогодишните кекси:

400 грама брашно

2 лажички ѓумбир во прав

1 лажичка мелен цимет

¼ лажичка рендано морско оревче

1 лажица прашок за пециво

1/4 лажичка сол

165 грама кафеав шеќер

Влажни состојки за кексите:

170 грама омекнат путер

1 јајце

170 грама мед

1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Ставете ги сите суви состојки во тегла, а потоа подарете ги заедно со упатство дека мора да се спојат со влажните состојки додека не се добие мазно тесто.

Топчето тесто се завиткува во проѕирна фолија и се става да се лади во фрижидер околу четири часа.

На набрашнета површина, тестото треба да се расука до дебелина од околу 1 сантиметар, а потоа да се исече со помош на калапи во различни форми.

Наредете ги во тепсија врз хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 8 до 10 минути додека не се затемнат на рабовите, а по желба се украсуваат со прехранбени бои или со прелив од шеќер и сок од лимон.

Фото: Unsplash