Состојки:
3 шолји брашно
¾ шолја кафеав шеќер
1 лажица цимет во прав
1 лажица ѓумбир во прав
½ лажичка мелени каранфилчиња
Малку сол
¾ лажичка прашак за пециво
150 г путер исечен на коцки
¾ шолја мед
2 лажици млеко
Приготвување:
- Измешајте го брашното со сите зачини и суви состојки, а потоа додадете ги коцките путер и замесете додека не добиете ситни трошки без големи грутчиња путер а потоа полека додавајте ги медот и млекото и замесете тесто.
- Поделете го тестото на две еднакви топчиња и секоја расукајте ја помеѓу две парчиња мрсна хартија за печење и така расукани ставете ги на 15-20 минути во замрзнувач или два часа во фрижидер.
- Вклучете ја рерната на 160 степени. Во тепсија наредете ги формите што ќе ги направите со помош на калапи и печете ги околу 10 минути.
- Декорирајте ги по желба со шлаг.
Ne ste napisale kolku debelo treba da bide testoto?
Ако сакате да бидат покрцкави, направете го тестото потенко, ако пак сакате да бидат помеки, тогаш тестото треба да е подебело. Ние ги правиме онака како што изгледаат на фотографијата. Нема да нараснат многу па можете да се раководите по дебелината на колачите од фотографијата
Comments are closed.