Во повеќето случаи, проактивноста е позитивна акција, особено во случај на спречување на фрлањето на храна.
Со новата апликација, Spoiler Alert, дипломираните студенти на MIT Sloan, Рики Ашенфелтер и Емили Малина се надеваат дека ќе ја намалат количината на отпадоци од храна, осигурувајќи дека храната ќе оди кај оние на кои им е потребна пред да се расипе и да заврши на депониите.
И луѓето насекаде би можеле да имаат корист од оваа генијална апликација.
Spoiler Alert нуди бизнис-на-бизнис онлајн пазар, кој им помага на организациите да го дистрибуираат својот вишок храна пред да се расипе.
Еден од најдобрите делови во однос на технологијата е тоа што компаниите можат да обезбедат оброци / храна за оние на кои им е најпотребна, користејќи ги нивните постојни резерви додека ѝ помагаат на животната средина.
Софтверот им помага на продавниците за храна, големопродажните дистрибутери и производителите на храна да видат кои предмети се на распродажба и да ја донираат храната на непрофитни организации или во евтини продавници. Ако храната повеќе не е за јадење, таа се претвора во компост или ѓубриво.
Кога бизнисот го наведува нивниот инвентар со апликацијата, сите други организации / компании што ја користат апликацијата добиваат известување. Тие потоа можат да комуницираат едни со други во реално време, па ако производот не се продава добро, можат веднаш да го донираат и да го елиминираат отпадот.
Една од најдобрите работи во врска со технологијата е тоа што е бесплатна за бизнисите, а процесот им олеснува да ја дадат храната на вистинското место, а притоа да заштедат време и пари. Ова е решение кое навистина им користи на сите кои се вклучени.
Крајната цел на Малина е целосно да се елиминира фрлањето храна. „Ако стигнеме до точката каде што има нула фрлање на храна, ќе се чувствувам како да ја завршивме нашата работа …“ Храната е навистина незгоден производ со оглед на краткиот рок на траење, така што бизнисите секогаш ќе треба во реално време да се справат со варијабилноста на своите залихи и синџирите за снабдување”.
Иако апликацијата моментално е активна единствено во Нова Англија, Spoiler Alert се надева дека ќе се прошири во градови како што се Њујорк, Сан Франциско, Сиетл и многу други за да се шири идејата дека купената храна не треба да се преточи во фрлена храна. Со нивната апликација, Ашенфелтер и Емили Малина работат на зачувување на животната средина и хранење на оние кои имаат за тоа потреба.