Нов тренд во кујната

Шведската компанија Икеа решила да ги следи трендовите на трагање по алтернативи за месо

0
302

Икеа одлучила да го следи трендот на потрага по алтернативи за месо со развој на веганска верзија на познатите шведски месни ќофтенца, заштитен знак на рестораните во нејзините продавници за мебел.

Како што соопштила компанијата, се работи на развој на бова верзија на храна „која изгледа како месо и има вкус на месо, но е направена од алтернативни белковини од билки“.

Како што се наведува, моментално се вршат тестовите и се развиваат противтипови со неколку потенцијални партнери и тестирањето на таква храна на одбрани пазари би требало да почне во февруари следната годинана.

Цената на новиот производ би требало да биде иста како цената на месните ќофтенца.

Колку станало популарно „растителното месо“, сведочи и минатонеделното излегување на берзата на американската компанија Beyond Meat, која произведува безмесни хамбургери, а чија цена на акциите скокнала за 84 отсто.

Фото: Pixabey