Авокадото веќе некое време доминира во менијата, но и на фотографиите од многу гастро експерти, стручњаци и љубители на здрава храна, а изгледа дека опсесијата со ова тропско овошје навистина нема крај.
После сендвичите, сладоледите, салатите, разни здрави напитоци, па дури и кафе послужено во издлабено авокадо, сега ова овошје заврши и на бургерите, и тоа не само како една од состојките помеѓу пецивата, туку наместо самото пециво. Авокадо бургерот прва го смислила и го фотографирала гастро блогерката и стилистка на храна Колет Дике од Амстердам, потоа фотогеничниот специјалитет почна да се шири по социјалните мрежи.
Ова креативно јадење ги содржи стандардните состојки за бургер, како кромид, краставица, салата и сос, а наместо пециво, употребено е авокадо. На ваквиот бургер веројатно месољупците само ќе одмавнат со рака, но самата автока изјавила дека авокадо бургерот е посличен на салата и со вкусот и во нутритивните состојки. Како и да е, ова јадење веќе се нашло на менијата на некои њујоршки ресторани, а дали ќе се појави и кај нас останува да видиме.