Њоки од маскарпоне со зелено песто

0
412

Состојки:

100 г пармезан

350 г маскарпоне (можете да пробате и со урда)

2 јајца

300 г обично брашно

Мајчина душица

Сол, црн пипер

Маслиново масло

Путер

За пестото:

Пармезан

Маслиново масло

Пињоли

Китка свеж босилек

Рукола

Приготвување:

  1. Изрендајте го пармезанот и ставете го во сад. Додадете ги сирењето и јајцата, брашното, мајчина душица, сол и црн пипер.
  2. Измешајте и ставете ја смесата на маса. Направете топче и поделете го на три дела, а од нив направите колбаси и исечете ги во форма на њоки.
  3. Пржете ги на маслиново масло 2-3 минути од секоја страна. На крајот додадете им малку путер.
  4. За пестото ставете малку пармезан и маслиново масло во блендер. Додадете ги пињолите и босилекот. Се измешајте и со смесата прелијте ги њоките. На крајот можете да додадете свежа рукола и се заедно да измешате.