Њоки од батат

0
439

Се подготвуваат едноставно, но бататот им дава еден сосема поинаков вкус

Состојки:

1 кг батат

200 г урда

Шолја пармезан

2 лажици кафеав шеќер

2 лажички сол + 2

1/2 лажичка мускатно оревче

2 и 2/4 шолји брашно

Шолја путер

Приготвување:

  1. Испечете ги компирите во рерна, а потоа оставете ги да се оладат и згмечете ги па додадете ги урдата, пармезанот, кафеавиот шеќер, две лажички сол и мускатно оревче.
  2. Додадете го брашното и замесете тесто. Поделете го на шест делови кои ќе ги завиткате во ролни и ќе ги исечете на помали парчиња.
  3. Во голем лонец со вода додадете две лажички сол и варете ги додена не испливаат на површината.
  4. Стопете путер во тава па додадете ги њоките и пржете ги околу пет минути. Можете да ги комбинирате со најразлични сосови, по ваш вкус.