Никако на празен желудник: Цитруси, јогурт, кафе, банана

0
2470

Правилниот избор на намирници кои секојдневно ги внесуваме е од големо значење за нашето здравје. Она што е од исклучителна важност е начинот и времето кога внесуваме одредени намирници, па со самото тоа одделни намирници се советува да не се консумираат на празен стомак иако се суштински корисни за нашиот организам.

Едноставно, нашиот желудник реагира поинаку кога е полн или празен, па треба да поведеме сметка за тоа.

На празен стомак особено треба да се избегнуваат алкохолни пијалоци. Алкохолот патува право во крвотокот, се шири низ целото тело и предизвикува ширење на крвните садови што резултира со привремено чувство на топлина, побавен пулс и понизок крвен притисок.

Кога е стомакот полн се намалува апсорпцијата на алкохол и неговото ширење по виталните органи и така се намалува штетата која ја предизвикува алкохолот.

Една од најчестите грешки која многумина ја прават е пиењето на првото утринско кафе на празен желудник. На тој начин желудникот ја сголемува киселоста, што понатаму предизвикува пречки во варењето и киселини во текот на денот. Најдобро е претходно да се обложи слузницата на желудникот, па добра препорака е пола час пред кафето да се напиее лимунада со малку мед.

Соковите, дури и оние свежо исцедените, го снижуваат нивото на глукоза во крвта, што и натаму ја зголемува гладта, па треба да се избегнуваат. Консумирањето на газирани пијалоци на празен стомак го намалува снабдувањето на крв во стомакот и можат да ја оштетат слузокожата. Генерално, треба да се избегнуваат во текот на целиот ден.

Јогуртот е уште една намирница која треба да се избегнува да се консумира на празен стомак. Имено, високата киселост на празен стомак ги намалува сите предности на бактериите на млечната киселина кои се наоѓаат во јогуртот.

Зачинета храна на празен стомак може да поттикне производство на желудочна киселина и да ја оштети слузокожата на желудникот.

По мислењето на многу експерти, не е секое овошје и зеленчук добро за појадок.

Иако е бананата многу здрава, ни дава енергија и ја поттикнува работата на дигестивните органи, таа содржи големи количини калиум и магнезиум што доведува до нерамнотежа на овие материи во крвта.

Цитрусното овошје може да предизвика проблеми кај лицата кои страдаат од воспаление на хранопроводникот, па ова овошје треба да го избегнуваат. Секако треба да го избегнувате секое овошје кое предизвикува ждригање на празен желудник.

Исто така, доматите се многу здрави и полни со хранливи материи, но содржат високо ниво на танинска киселина која ја зголемува киселоста во желудникот и доколку ви е желудникот празен, може да предизвика киселини.

Фото: Pixabay