Нездравиот појадок може да го уништи мозокот за само 4 дена

0
459

На универзитетот Macquarie во Австралија тим од научници истражил колку е за нас битно што јадеме за појадок, а се обиделе да најдат и одговор на прашањето „Како тој оброк влијае на состојбата на целиот организам?“ Резултатите ги изненадиле и водителите на „студијата за појадок“ кои сфатиле дека последиците од почнувањето на денот со „лоша“, односно, со нездрава храна, се речиси катастрофални за секој поединец.

Имено, откриено е дека појадокот со голем процент на маснотии и/или шеќер, после само 4 дена консумација, може да предизвика сериозни промени на човечкиот мозок. Тие промени се однесуваат на способноста за учење на нови факти и на помнењето генерално; способностите после само 4 дена нездрав појадок рапидно опаѓаат, а мозокот пропаѓа слично онака како што со време пропаѓа кај, на пример, дебелите луѓе.

Истражувањето е направено врз примерок од 102 здрави луѓе со нормална килажа; пола од нив 4 дена континуирано појадувале храна богата со лоши маснотии и шеќер, додека другата половина во истиот временски период за појадок јаделе нешто поздрави намирници, помалку заситени со шеќер и со масти. Конкретно, првата група појадувала тостиран сендвич и чоколаден милкшејк, а втората група похранлива и поздрава верзија од истиот појадок или само пола порција од нездравиот.

Двете групи првиот и последниот, четвртиот ден, решавале тестови за да им се провери способноста за помнење и учење. Резултати покажале дека првата група која појадувала многу масти и шеќери, на тестовите после четири дена покажала значително полоши резултати од втората група – а слични тестови поединците од првата група решиле и значително полошо отколку четири дена претходно.

Со испитување на крвта е докажано и дека кај луѓето од првата група нездравиот појадок довел до значителен пораст на глукозата во крвта, што влијаело на опаѓање на когнитивните функции.

Промената на нивото на глукоза во крвта може да го загрози целиот метаболизам. Тогаш мозокот често почнува да прима погрешни сигнали за нивото на инсулин во крвта“, објаснил водителот на истражувањето при Универзитетот во Сиднеј, Доминик Трен.

Другата интересна работа која произлегла од ова истражување, инаку објавено и во научните списанија ‘PLOS One’ и ‘The American Journal of Clinical Nutrition’, е спознанието дека кај оние кои нездраво појадувале се намалила и спсообноста генерално да ги разликуваат состојбите на глад и на ситост.

Се претпоставува дека тоа има врска со хипокампусот, дел од мозокот во темпоралниот дел кој го контролира и нивото на шеќер во крв, а кој, како што покажало едно претходно истражување на Универзитетот во Оксфорд, очигледно делува и на апетитот.

Накусо, со ова истражување е потврдено дека, на инаку здравите возрасни лица кои за појадок јадат храна со висок процент на маснотии, само после пет дена „лош“ појадок, вниманието, концентрацијата и помнењето почнуваат драстично да им слабеат.

Дел од оваа студија бил усмерен на 16 мажи на возраст од 19 до 28 години, кои пет дена се држеле до пропишаната диета; едните јаделе премногу мрсна храна сиромашна со јагленохидрати, а другите се хранеле здраво според препораките на нутриционистите.

Планот на исхрана бил прилагоден за секој поединечно, а го осмислиле нутриционистите кои го надгледувале и самото приготвување на оброците. Порциите за осумина од нив содржеле 70 проценти маснотии, само 4 проценти јагленохидрати и 26 проценти протеини.

Од друга страна, преостанатите осум мажи добиле порции со поздрав и подобар сооднос на намирници; со 50 проценти јагленохидрати, 24 проценти масти и 26 проценти протеини. Сите мажи секое утро давале крв и решавале когнитивни тестови.

Резултатите покажале дека осумината кои нездраво појадувале имале дури 44 отсто повеќе маснотии во крвта од оние кои јаделе добро избалансирани оброци.

Исто така, кај мажите кои јаделе нездраво е воочен пад на концентрацијата, послаба брзина на помнењето како и намалена способност да се сетат на некои претходно научени информации.

Фото: Pixabey