Несебични дела на добрина ширум Македонија

Вработените во Бимилк како дел од глобалната иницијатива „Pay It Forward“ („Продолжи понатаму“), чија цел е да создаде масовен верижен ефект на хуманост и љубезност кој ќе се почувствува насекаде, деновиве им делеа млеко на случајните минувачи.

0
118

Изминативе неколку дена низ улиците, парковите, маркетите и практично на секакви локации во сите градови низ државата, вработените во „Бимилк“  им подаруваа цели пакувања Битолско млеко на случајни минувачи.

Станува збор за глобална иницијатива „Pay It Forward“ („Продолжи понатаму“), која постои со цел да направи вистинска разлика во светот преку создавање на масовен верижен ефект на хуманост и љубезност кој ќе се почувствува насекаде во која се вклучија и од Бимилк.

Вклучувањето на вработените на Бимилк е преку активно делење Битолско млеко заедно со специјални картички на нивни сограѓани ширум Македонија. Единствен услов е лицето кое го добило млекото да го продолжи кругот и да направи некое добро дело за некого, истовремено пренесувајќи му ја картичката со цел да се создаде тој верижен ефект.

„Во Бимилк искрено веруваме дека луѓето секојдневно со својата добрина го прават некому денот малку посветол. Но, уште поубедени сме дека тие мали дела добрина кога ќе се помножат со милиони луѓе, буквално може да го променат светот на подобро. Токму затоа, како една од најголемите компании во Македонија која брои голем број вработени, одлучивме да се приклучиме и ние во оваа акција, бидејќи секој наш вработен и индивидуално ја живее корпоративната култура на Бимилк, а тоа е сите заедно да бидеме подобри луѓе и да направиме видлива разлика во општеството“, вели Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Инаку настанот “Pay It Forward” е по иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и истиот ќе се одржи на 28 април во Градскиот парк во Скопје. Ова е всушност втора година по ред како Македонија се приклучува во најголемото хумано движење во светот, а целта е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.