Немате тесто за пица, а на децата баш тоа им се јаде?

Нема проблем. Кажете им само да се вратат за 5-6 минути и да си ја исфилуваат пицата по свој вкус

0
1129

Ако ви дојдат вашите деца и разочарано, а сепак со надеж во гласот ве прашаат дали навистина нема ниту едно тесто за пица во замрзнувачот, не очајувајте дека сте заборавиле да купите.

Еве еден рецепт со кој навистина тестото за пица се прави за 5 минути. Потоа, можете да им го препуштите да си го филуваат по свој вкус.

Еве како тоа се прави кога еден сака пица со сланина, а друг со туна.

Венчето на тестото е полно со сирење бидејќи така ги правеле пиците во „Доминос“. Ете, да научиме нешто и ние од децата што растат на пици и сендвичи.

Рецепт за тестото

Состојки:

2 шолји брашно

1/2 кесичка прашок за пециво

1 шолја јогурт

2 лажици маслиново масло

1/2 лажичка сол

Приготвување:

Замесете тесто од состојките, наросете брашно на работната површина и развлечете го до саканата големина и дебелина. Можете да направите и две помали пици. Ние направивме една голема.