Периодот после првите пролетни дождови во мексиканскиот регион Оаксака е период кога се фаќаат летечки мравки. Во овој дел од Мексико, летечките мравки, односно, чикатанас (chicatanas), се вистински деликатес. После првите пролетни дождови тие ги напуштаат своите гнезда и тргаат во свет. За бројни семејства тогаш почнува ловот на овие мали, месести инсекти со проѕирни крилја.
Наводно, не е тешко да се фатат. Прилично се бавни и само паѓаат на земја.
Од нив можат да се направат различни деликатеси. Одат со мемелас, мали подебели тортилји полнети со грав и со сирење, а од нив може да се направи и сос кој пак се служи во најексклузивните ресторани во овој регион.
Летечките мравки прво се пропржуваат па им се додаваат пржени листови од авокадо и пиперчиња, а потоа се заедно, со малку лук се става во блендер. Ова не е класичен сос кој лизга низ грлото, туку е крцкав и со богат вкус., велат оние што го пробале.
Освен овој, може да се направи и похомоген сос од „изнутрици“ од летечките мравки. Некои ги јадат како чипс, само ги отстрануваат крилјата.
Летечките мравки во Мексико се јадат со векови, а на почеток причина за ова била потребата, бидејќи, ако немало друга храна, овие инсекти полни со протеини, биле одличен избор.
Додека некогаш тоа била храна за сиромашните, денеска е луксузен деликатес кој се јаде во скапите ресторани, а со оглед на тоа што се мравките достапни само ден-два во годината, тоа исто така се одразува на цената.
Освен летечките мравки во рестораните има и други инсекти, а на повеќето им е заедничко тоа што количината на белковини што ја содржат е еднаква како онаа во говедското месо.