Навики кои го уништуваат метаболизмот

0
498

„Метаболизам” е систем во телото кој ги претвора калориите во енергија. Многу фактори придонесуваат за вашиот метаболизам, вклучувајќи ги и гените, полот и возраста. Причината зошто метаболизмот е толку важeн e тоа што тоа aко не функционира правилно може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Според нутриционистите, она што предизвикува нашиот метаболизам да се забави се следниве навики:

Го прескокнувате појадокот

Нашиот метаболизам додека спиеме се забавува. Затоа треба наутро да го поттикнете со тоа што ќе му дадете храна која ќе го поттикне. Кога го прескокнувате појадокот на телото му порачувате да  ја чува енергијата, а тоа значи помалку согорување, па докажано е дека луѓето кои наутро не појадуваат имаат пет пати повеќе шанси да се здебелат. Секако, појадокот не значи дека треба да грабнете крофна или мафини со шеќер, туку одберете храна богата со протеини и влакна, без додаден шеќер.

Консумирате рафинирани јаглехидрати

Рафинираните јаглехидрати се сосема поинакви од јаглехидратите во целовитите житарки, овошјето и зеленчукот. Не посегајте по јаглехидрати како белото брашно и шеќерот. Тие брзо се варат што значи дека телото троши помалку енергија за да разбие. Целовитите житарки се варат полека што значи дека вашето тело треба посилно да функционира. Едноставно, целовитите зрна, овошјето и зеленчукот го поттикнуваат вашиот метаболизам додека рафинираните јаглехидрати и шеќерот веднаш ќе го убијат.

 

Не јадете доволно

Потребни ви се калории за да го поттикнете вашиот метаболизам и да ослабнете. Гладувањето е исто толку лошо колку и прејадувањето. Кога не јадете доволно вашето тело се префрла на режим на гладување и заради шокот метаболизмот се забавува за да го искористи колку што може подобро тоа малку гориво што го има. Најдобро би било да пресметате колку калории во се потребни секој ден и да не одите ниту под ниту над таа количина.

Не вежбате правилно

Сите ние сакаме да се храбиме здраво и да вежбаме и да согоруваме калории. Но многу е важен и начинот на вежбање. Треба да се избегнува рутината, па доколку сакате да го избегнете забавувањето на метаболизмот најдете различни вежби кои нема само да ги согорваат калориите, туку ќе ја одржуваат активноста на вашиот метаболизам.

Не консумирате доволно протеини и железо

Секогаш постои корелација помеѓу постојаниот метаболизам, здравиот животен стил и високиот внес на протеини. Осигурајте се да внесувате протеини со секој оброк единствено доколку одржувате здрав распоред на вежбање, а доколку тукушто почнувате со вежби или со промена на диетата, избегнете го дебелеењето со бавно додавање на протеини во оброците. Ако ви е ниско нивото на железо во крвта, мускулите нема да добиваат доволно кислород, немате доволно енергија и метаболизмот се забавува. За да се снабдите со доволно железо консумирајте немрсно месо, брокула, спанаќ, грав. Генерално, добро е да вклучите внесување на вакви прозводи кои се богати со железо за време на вашата диета додека се обидувате да го подобрите важиот животен стил.

Често консумирате алкохол

Една чаша вино нема да ве убие. Но ако пиете секоја вечер, ќе го уништите вашиот метаболизам. Еднаш кога алкохолот ќе влезе во вашиот систем, тој ја  попречува брзината на согорувањето на мастите и го забавува вашиот метаболизам. Затоа ако се обидувате да го поттикнете метаболизмот, пијте вода или евентуално, по една чаша црвено вино.

Не спиете доволно

Нашето тело постојано функционира па за да се одмори мора да ги наполните батериите. Лишувањето од сон доведува до бројни фактори кои можат да го уништат вашиот метаболизам. Суштината е во тоа што за време на спиењето се лачин хемиска супстанција лептин која му сигнализира на мозокот на дека сме сити. Во случај на недостаток на сон, се јавува и недостаток на оваа супстанција, до прејадување и до забавен метаболизам. Уште еден непријател на метаболизмот е и стресот, а недостатокот на сон предизвикува да имате повеќе стрес.