Ова веганско песто кое, се разбира, во основата повторно има зеленило (најубаво е со босилек), има посебен вкус и поинаков шмек поради јаткастите плодови и семките кои ги додавате по ваш избор.
Можете да си го додадете во тестенините и ќе добиете вкусен и брз ручек.
Состојки:
70-80 г бразилски ореви
50 г семки од сончоглед и тиква
1 згмечено чешне лук (можете да ставите и повеќе)
½ лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
Сок од пола лимон
50 г свеж босилек
5 лажици маслиново масло
Приготвување:
Прво, ставете ги оревите и семките во блендер со оној дел кој служи и за мелење на кафе. Смелете ги, а потоа заедно со останатите состојки ставете ги во обичен блендер се додека не се добие песто кое ќе го префрлите во стаклена тегличка и ќе го чувате во фрижидер (може да стои во фрижидер 7 дена).