Направете сами тесто за пица

Брзо тесто за пица без квасец можете да направите само од неколку состојки, а овој рецепт за наједноставното тесто за пица со јогурт е поздрава, но и повкусна замена за обичното тесто.

0
1448

Пицата им е омилено јадење на многу луѓе. Маргарита, Капричиоза, Вегетариана, Кватростаџони,…се само некои од видовите на пица кои луѓето обично ги јадат, но сепак тие знаат да бидат калорични и нездрави ако претераме.

Направете си сами пица, односно, свое тесто за пица на која ќе ги додадете останатите состојки како моцарела, пиперки, маслинки, печурки, јајца,…

Домашната пица е секако подобра од купечката затоа што сте ја направиле сами и знаете што сте ставиле внатре.

Брзо тесто за пица без квасец можете да направите само од неколку состојки, а овој рецепт за наједноставното тесто за пица со јогурт е поздрава, но и повкусна замена за обичното тесто.

Состојки:
190 г брашно (плус дополнителни 10-тина грана за месење)
200 г јогурт
1 прашок за пециво
Сол

Приготвување:

Ставете хартија за печење на тепсијата и загрејте ја рерната на 200 °C.
Ставете брашно, јогурт, прашок за пециво и сол во еден сад и замесете го тестото.
Ставете ја смесата за побрашнета површина и месете додека тестото не стане мазно и еластично. Ако ви се чини дека е премногу суво, додадете лажица вода и продолжете да месите.
Преполовете го тестото на два дела, обликувајте две топчиња и расукајте ги во форма на пица.
Набрашнете ја хартијата за печење и ставете го тестото врз хартијата.
Потоа намачкајте домашен сос од домати, такашто ќе земете една конзерва со домати, 2 чешниња лук, 2 лажички маслиново масло, 2 лажички оцет балсамико, сол и црн пипер и се убаво измешајте и додадете малку оригано.
Потоа наредете ги саканите состојки.